[Видео] Запознавање со Гоки (Матеј Зимбаков)

„Зоки Поки” почнува за една недела! Првата епизода е закажана за 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ. 🤗

Додека го чекаме наредниот понеделник, се запознаваме со Матеј Зимбаков, малиот актер кој го игра Гоки. Матеј е четвртооделенец во ООУ „Лазо Ангеловски” во Скопје кој обожава да игра видео игри, да црта и да пее.

Во кратко видео со прашања и одговори, Матеј зборува за предметите во школо кои ги сака најмногу и најмалку, открива кој спорт му е омилен, за кого навива, која видео игра е најдобра за него, дали бира ванила или чоколадо, која книга и лик од книга му оставиле најмногу впечаток, дали има симпатија и други забавни детали.   

Видеото може да се погледне тука: