[ВИДЕО] Запознавање со екипата на ЗОКИ ПОКИ 😊

ТВ серијата „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на Македонската радио телевизија! 📺

Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 🕗 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на нашата веб-страница, како и на официјалниот YouTube канал.

Пред официјалниот почеток на емитувањето, споделуваме симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги. Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“.

Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата.

Видеото дефинитивно ќе ви го разубави денот 😊😊😊