[Видео] Запознавање со Зоки Поки (Матеј Настевски)

Додека го чекаме почетокот на емитувањето (4 мај, 20.15, МРТ), се запознаваме со симпатичниот Матеј Настевски, кој ја толкува главната улога, Зоки Поки.

Матеј е петтоделенец во ООУ „Мирче Ацев” во Скопје кој обожава да патува и другарува. Тој вели дека за време на снимањето на „Зоки Поки” се пронашол себеси и дека дефинитивно сака да продолжи да се занимава со глума кога ќе порасне.

Во двеминутно видео со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки”, Матеј открива што е љубов, кој му е омилен, а кој најтежок предмет во школо, зошто „Зоки Поки” му е омилена книга, кои му се омилените серии, филмов и цртани, дали повеќе сака ванила или чоколадо, кој спорт му е најзабавен, кој стрип го сака најмногу, дали рециклира и, секако, дали има симпатија. 😊

Целото видео е достапно тука: