[Видео] Запознавање со Лидија (Анастасија Аневска)

Со нетрпение чекаме да дојде почетокот на емитувањето (4 мај, 20.15 часот на МРТ1), а во меѓувреме, се запознаваме со слатката и талентирана Анастасија Аневска, која ја толкува улогата на Лидија.

Анастасија е шесто одделение во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу” во Скопје и обожава да гледа филмови и театарски претстави. Надвор од училиште, Анастасија ја истражува глумата во драмското студио „Детски Свет”, синхронизира цртани филмови и серии и настапува во две претстави во Драмски театар.

Во видеото со прашања и одговори, Анастасија открива кои ѝ се омилените предмети во школо, дали повеќе сака фудбал или кошарка, дали има симпатија, што сѐ претставува љубовта за неа, која ѝ е омилената суперхероина и зошто бира куче наспроти маче. Исто така, Анастасија споделува книга, филм и серија кои ѝ оставиле најмногу впечаток, а особено е интересно кој филм го одбира.

Видеото може да се погледне тука: