[Трејлер] Прв поглед во магичниот свет на Зоки Поки

Прв поглед во нашиот магичен свет исполнет со многу смеа, малку страв, но и дружба, маскирање, играње, вежбање паралелно со јадење, восхит, истражување, учење, гушкање, криенка, љубов, сништа и бујна фантазија 🧡💚🧡

Почетните кадри се резервирани за запознавање со Зоки Поки (Матеј Настевски) и неговата дружина сочинета од Лидија „Лидиди“ (Анастасија Аневска), Боки „Бокимен“ (Матео Матoски) и Гоки „Горила“ (Матеј Зимбаков). Тука е и семејството на Зоки: Сашко Коцев во улога на таткото Филип, Даниела Иваноска во улога на мајката Ивана и Сабина Ајрула-Тозија, односно бабата Оле.

Ви се допаѓа? Придружете ни се во авантурите наредниот понеделник 🤗

📺 МТВ 1
👉 4 мај 2020
🕗 20:15