Епизода 9 – Крадец

Со денови врне, па клупата пред зградата е неупотреблива. Сепак, Зоки Поки и другарите се снаоѓаат и ги окупираат скалите и одмориштата во зградата на Зоки, од најгорниот кат, па сè до подрумот. Но, нешто чудно се случува: им исчезнуваат работите, па децата решаваат да откријат кој е крадецот.

Децата се прашуваат кој е крадецот. Сигурно е некое куче или маче, заклучува Лидија. Не, сигурно е комшијата од први, дедо Симе, тој постојано се вртка секаде. А двајцата студенти од трети, или старата баба од втори кат, со мачките, или пак младиот пар од четврти…

И додека тие трчаат низ градата во лов на крадецот, мистериозниот лик го следи секој нивен чекор…