Епизода 7 – Опасен гостин

Мајка му на Зоки Поки ја пече неговата омилена торта, но не за него, туку за гостите од село што ги чекаат, некои далечни роднини на татко му. Зоки ич не е среќен дека некој друг ќе ја јаде неговата омилена торта. Меѓу гостите е и Стојанче, врсник на Зоки, кој, за да биде неволјата поголема, ќе остане вечерта со спиење во домот на Зоки.

Зоки им кажува за своите маки на другарите Боки и Гоки и веднаш заедно почнуваат да смислуваат решение за „проблемот“. Боки предлага два плана за да му го загорчат престојот на непосакуваниот гостин.

Кога домаќините и гостите кога ќе привршуваат со ручекот, Зоки Поки предлага тој и Стојанче заедно да си играат кај Гоки. Плановите им пропаѓаат поради нивните заблуди за децата што живеат на село.

Вечерта Зоки Поки и Стојанче си разговараат до доцна во ноќта. Сфаќаат дека покрај многуте разлики, имаат и многу сличности.