Епизода 6 – Астронаут

Зоки Поки го врти глобусот и го прашува татко му за разни работи за вселената. Таткото предлага да го однесе во планетариум некогаш.

Зоки Поки гледа видео за тоа како се станува астронаут. Дознава дека е многу тешко да бидеш меѓу оние што ќе ги изберат. Имагинацијата на Зоки Поки почнува да работи.

Следниот ден учителката им ги дава тестовите по математика на учениците од одделението на Зоки Поки. Само двајца ученици добиле 50 поени – тој и Гоки. Зоки го искористува ова за да ги убеди неговите да го однесат во планетариум веднаш.

Космологот Sвездан е школски на татко му. Одговара на прашањата на Зоки по презентацијата. Но, се случува опасен заговор меѓу мајка му, татко му и космологот: „што треба да направам за да станам астронаут“, прашува Зоки – „да ги имаш сите петки“, му одговара космологот Ѕвездан. И македонски? Особено македонски.

Зоки Поки мора веднаш дома, на учење, за да не ја пропушти следната прилика за астронаут на НАСА.