Епизода 5 – Љубов

Кога со другарите сите сте заљубени во иста девојка, работите стануваат многу комплицирани. Зоки Поки се обидува до дознае како да направи Лидија да се вљуби во него, но очигледно и другите се трудат да го прават истото.

Дури и мајка му и татко му на Зоки забележуваат дека го мачат љубовни проблеми, и се обидуваат да разговараат со него, но попусто.

Нему му е најлесно да избега во светот на фантазијата. Зоки нема храброст да зборува за тоа, ниту пак да одговори на предизвикот на другарите да откријат кого го сака Лидија. Гоки и Боки се храбри, но Зоки се повлекува.

А Лидија… Па, Лидија си има некои свои планови.