Епизода 4 – Кампување

Лидија му кажува на Зоки дека се запишала во извиднички клуб и дека викендот ќе одат на кампување. И Зоки Поки сака да оди. Решен е – ќе научи да врзува и потоа ќе ги убеди неговите да го пуштат. И така е само една ноќ, а и Лидија му рече дека местото не е далеку од Скопје. Ќе оделе дваесетина деца, зошто не и тој?

Учи гледајќи од „Јутјуб“. Го следи видеото, но не му оди, постојано се заплеткува.

Ѝ кажува дека решил да се запише во клубот, но таа има сомнежи дали Зоки е тип за извидник. Каков е тој тип? Лидија вели некој како Боки, кој е постојано надвор, на улица, и некој кој е храбар.

Хм, ете сега нови маки на Зоки Поки. Како да ја докаже својата храброст? Да го убие чудовиштето од подрумот? Не, ќе смисли нешто друго. Ќе смисли глупост, да се симнува од тераса по олукот. За среќа, навреме ќе биде спречен.

Мама и тато му простија, но казната сепак стигна. Од природата. Следните денови времето е лошо. Кампувањето на членовите на клубот беше откажано.