Епизода 3 – Чудовиштето од подрумот

Другарите на Зоки Поки ги има зафатено манија на снимање видеа. Сите сакаат да бидат јутјубери, сите сакаат да бидат славни – како и нивниот идол, јутјуберот Џоки.

И Зоки сака да биде славен, но сака да направи и нешто поинакво, а не само да го копира она што го прави Џоки. Зоки има фантастична идеја: да го сними со камера чудовиштето од подрумот!

Иако и самиот Зоки не е баш сигурен дека во подрумот има чудовиште, собира храброст и се симнува долу во темниците, за да открие дека имал право!

Чудовиштето е таму!

А потоа останува само уште да ги увери и другите во тоа, макар тоа и да значи повторно симнување во подрумот…