Епизода 2 – Сите за еден, еден за сите

Боки е секогаш оној „лошиот” што граба од другите, што не бира што ќе каже, навредува, удира и се потсмева, а Зоки Поки и Гоки имаат проблем со тоа. Затоа, одлучуваат дека веќе нема да се дружат со него.

Иако Зоки добива поинакви совети од родителите, а и Лидија не се согласува со овој чекор, тој и Гоки не сакаат да попуштат и да се смират со Боки.

Но, работите се менуваат откако некој ќе се осмели да му направи нешто лошо на Боки, а Зоки научува една важна животна лекција…