Епизода 10 – Распуст

Зоки Поки е нерасположен, што е мошне чудно, особено затоа што завршува со училиште. Почнува распуст, а со распустот, за жал, му почнуваат и проблемите: два месеци ќе биде одделен од Лидија, затоа што таа ќе оди со нејзините некаде на море, а Зоки не знае како ќе го преживее тоа. Уште пострашно е што на истото место на одмор ќе оди и Боки.

А Зоки веројатно ќе седи речиси цело лето во Скопје. Иако родителите се обидуваат да го развеселат со секакви предлози, Зоки се измачува со непријатни фантазии.

Но, додека Зоки го мачат тешките љубовни маки, во станот над нив се вселува ново семејство…