Десетте најдобри моменти од првата сезона на „Зоки Поки”

Ако сѐ уште ја немате изгледано првата сезона од „Зоки Поки”, сега ќе имате шанса.

Во периодот од 22 јуни до 03 јули, Македонска телевизија ќе ги репризира сите епизоди од првата сезона на МРТ1. Првите 5 епизоди ќе се емитуваат секој ден од 22 до 26 јуни во 19.00 часот, а вторите 5 епизоди ќе се емитуваат секој ден од 29 јуни до 3 јули во 19.00 часот.

Во пресрет на репризата, издвојуваме десет моменти кои ја одбележаа првата сезона:

1. Најуникатниот роденденски подарок за Зоки Поки од баба Оле

2. Мускетарите Зокос, Гокос, Бокос и Лидијањан и нивното мото „сите за еден, еден за сите”

3. Зокијана Џонс и екипата во потрага по чудовиштето од подрумот

4. Кога татко му на Зоки, Филип, и го купува целиот свет на неговата Лидија

5. Тренингот за астронаути и уникатните стомачни на Боки

6. Кога Лидија и Зоки со летечки точак прелетуваат пред месечината

7. Таткосаурусот Филип и синосаурусот Зоки во посета на Природонаучниот музеј

8. Кога Лидија ќе го бакне Зоки, ама вистински!

9. Кога дружината го бара потенцијалниот крадец во влезот и си ги замислува станарите како крадци, вештерки и шпиони

10. Сите сонови и фантазии на Зоки Поки